Украинците тврдат дека за десет дена собориле десет руски воени авиони

Украинските воздухопловни сили тврдат дека собориле 10 руски борбени авиони за 10 дена: од кои девет биле најдобрите борбени авиони Сухој Су-34 и Сухој Су-35 на руските воздухопловни сили, како и шпионскиот авион Бериев А-50.

Ова е многу висока бројка во однос на загубата на воени авиони за Русија за десет дена од војната

Под западните санкции, руската воздушна индустрија се бори да произведува десетици нови авиони годишно.

Како што објави Форбс , тоа значи дека Русија губи авиони 20 пати побрзо отколку што може да ги замени со нови.

Украинското Министерство за одбрана објави дека девет од десетте соборени авиони овој месец – вклучувајќи го и Су-34 во вторникот – се меѓу најдобрите авиони кои ги смета руската војска.

Но, како Украинците толку често соборуваат руски авиони останува нејасно. Можно е украинските воздухопловни сили повеќе да ги користат американските ракетни системи Патриот.