СЕКС СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ЕДНА ОД НАЈМОЌНИТЕ АРМИИ ВО СВЕТОТ – “Па, не можете да имате секс со терорист!“

На израелските женски регрути ќе им биде забрането да работат како затворски чувари по обвинувањата дека една од нив имала секс со палестински затвореник.

Израелските медиуми тврдат дека затвореникот признал дека имал физичка интимност со жената чувар, а тој е затворен за смртоносниот напад врз израелските цивили.

Оваа одлука се однесува на регрутите жени кој ја извршуваат воена служба, која е задолжителна за повеќето Израелци. Жените мора да служат најмалку две години, а мажите 32 месеци.

Името на жената чувар, како и на затвореникот кој издржува доживотна затворска казна, не е познато.

Судот кој го води случајот наредил други детали, вклучително и локацијата на затворот, да не се откриваат.

Израелските медиуми објавија и дека за време на сослушувањето, затвореникот, тврдел дека и четири други жени имале интимни односи со истиот маж.

Палестинскиот затвореник бил преместен од својата ќелија во специјално крило пред сослушувањето, соопшти израелската затворска служба (ИПС).

Во петокот, првиот човек на ИПС, Кети Пери и министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир објавија дека регрутите повеќе нема да ги чуваат затворите со висока безбедност во кои се сместени палестинските „терористи“.

Израелските медиуми ја цитираат изјавата на Итамар Бен-Гвир дека до средината на 2025 година ниту една жена војник нема да остане во крилата на безбедносните затвори.

Постојано има повици да се прекине службата на женските израелски војници во израелските затвори со висока безбедност. Меѓутоа, бидејќи немаат доволно персонал да се заменат женските војници, тоа не се оствари.

Минатата година, израелските министри наредија истрага по затворскиот скандал во кој палестинските затвореници, наводно, ги напаѓале и силувале женските регрути кои работеле како затворски чувари, и дека некои високи затворски функционери соработувале со затворениците.