Димитриевски: Со нови луѓе во политиката Македонија да се трансформира во современа држава

Со нови луѓе во политиката Македонија да се трансформира во современа
држава.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за
Претседател на државата Максим Димитриевски беше гостин во  емисијата
„Аргумент Плус“ на 24 Вести.

На констатацијата дека е единствениот кандидат  за претседател на
државата против кого има кривична пријава, Димитриевски рече дека не
станува збор за кривиччна пријава, туку за обвинителен предлог и
дополни:

„За мене не е прв пат. Многупати сум се соочил со вакви лажни неосновани
обвинувања. Сите биле монтирани и креирани политички. Мислеа дека со тоа
ќе ме оневозможат да можам да извадам потврда за да ја спречат мојата
кандидатура. За жал нема да успеат, а обвинителството е на потег,
бидејќи таму има профеионалци и ќе треба да се произнесат. Обвинението
не е за некои градежни дозволи. Станува збор за постапка за издавање на
градежна дозвола со која што штитам  јавен интерес на гимназија „Гоце
Делчев“ Куманово и Детскиот диспанзер- школска амбуланта, со отворање на
претходно прашање, согласно Законот за општа управна постапка, должен
сум тоа прво да го утврдам, а потоа да продолжи и целосно управната
постапка за обезбедување на градежна дозвола и ќе видиме, времето ќе
покаже кој бил во право. Но, секогаш кога ќе се стави на една страна
приватниот интерес, а на друга страна јавниот интерес, јас сум должен и
ќе го штитам јавниот интерес“.

„Инаку овој систем многу одамна е заробен, рече Димитриевски и додаде:
„Особено обвинителството и судството, секоја чест кон сите оние
професионалци во системот, но факт е дека влегоа многу луѓе во системот
коишто пристрасно постапуваат и енормно се збогатуваат. Кога ќе дојде
времето да биде променета власта и да дојдат на вистинско место
вистински луѓе на коишто интегритетот, моралот и каракатерот  им е на
прво место, тогаш ќе создадеме реален систем и она што сите го бараат – 
правна држава, а јас доколку бидам  избран за Претседател на државата,
ќе дадам апсолутна поддршка на таквиот процес и таквите суштински
реформи. Еднаш во Македонија мора да се знае кој тоа седи на позиција и
носи одговорни функции и едноставно, казнивост мора да има за сите,
непристрасност.  Пристрасноста мора да се елиминира. Мора да имаме
непристрасни луѓе во системот и дополнително нови луѓе во политиката без
било какви опашки, ќе може да дадат придонес Македонија да се
трансформира во современа  држава со сите атрибути“.

Димитриевски рече дека во Македонија согласно Уставот и законите може да
се формира влада доколку се обезбеди 61 пратеник од страна на  било кој
политички субјект и било која коалиција. Тој посочи дека традициоалните
норми покажале дека е добро во владата да имате и албански партнер, а
дополнително да бидат вклучени и останатите етнички заедници за
пофункционална влада. Тој нагласи дека Уставот е изменет со 36 амандмани
иво нив се вградени сите барања на сите  заедници. Димитриевски оцени
дека да се уценува и да се каже дека Македонија од прост тип на
уредување, Република, ќе ја трансформирате во федерација или
конфедерација, тоа е директно кршење на Уставот.

„Значи, нагласи Димитриевски, македонскиот политички фактор не смее во
ниту еден момент да дозволи да биде уценуван од никој, во спротивно ќе
гледаме само една реприза од она што се случува последните шест години,
кадешто СДСМ се распадна и распука по сите шавови, служејќи му како
привезок на ДУИ, којшто е на власт повеќе од 20 години“.
Димитриевски  рече дека тој и ЗНАМ поддршакта ја бараат од граѓаните кои
гласаат тука за да добијат легитимитет и да може од аспект на одредена
позиција  да бидат релевантни и да ја претставуваат државата во
разговорите и преговорите на наштио пат кон ЕУ.

„Дефинитивно ќе бидат искористени сите капацитети и потенцијали со
коишто располага и партијата, но и дополнително и експерти кои не
припаѓаат никаде“, рече Димитриевски. Објасни дека за жал имаме
професионални дипломати кои седат по канцеларии, а добиваат шанса и се
претставуваат дипломати коишто биле партиски послушници и активисти.
„Една дипломатија се создава со децении“, рече тој и посочи дека после
втората светска војна, кога се формирала СФРЈ, Тито ги остава сите
дипломати од кралска Југославија и ги става во функцијана државата,
бидејќи дипломат не може да се создаде за една или две години.
На прашањетео што ќе се случеше доколку СДСМ го кандидрал за
градоначалник на Куманово во 2021 година Димитриевски одговори:
„Јас ќе ви кажам дека тоа излегува од кулоарите на актуелното политичко
раководство на СДСМ, коешто е најодговорно за фијаското во коешто дојде
една државотворна партија денеска и под нивото на еден политички субјект
којшто имплементира власт. Јас ќе одев на избори и или ќе се случеше тоа
или ќе се случеа сериозни  реформи во СДСМ, но за жал бев тргнат од
органите и телата  и тоа е зад мене и сега работам на концептот на ЗНАМ
и ќе успеме да најдеме решение за проблемите во државата“, рече
Димитриевси во Аргумент Плус на 24 Вести.

Сектор за односи со јавност
Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија