Америка му се поклони на Јокиќ: Никола е веќе НБА легенда!

Американскиот новинар Ник Рајт, кој е познат по тоа што често го критикува Никола Јокиќ, упати јавно извинување до српскиот кошаркар.

Имено, во текот на минатата година тој многу го коментираше Јокиќ, посочувајќи дека тој не заслужува да го нарекуваат легенда.

Сепак, сега по мечот меѓу Денвер и Лос Анџелес, каде повторно доминираше центарот на Нагетс, Рајт јавно изјави дека Никола сепак е легенда.

-Јавно му се извинувам на Јокиќ, а тоа го направив по финалето со Мајами, но и сега. Дефинитивно влезе во групата на кошаркари кои заслужуваат најголема почит. Моето мислење беше дека тој е многу добар играч, но не бев сигурен дали заслужува да биде наречен легенда. Згрешив, тој е вистинска НБА легенда. Очигледно луѓето подобро од мене ја видоа целата ситуација поврзана со Никола – изјави Рајт.

Познатиот новинар се осврна и на темата кој според него е најдобар во ерата по Леброн Џејмс.

– Мојот критериум по кој оценувам е, прстен, испаѓање на стартот од плеј-офот, МВП трофеи. Што се однесува до Јокиќ, тој потпаѓа под тие критериуми и дефинитивно е еден од најдобрите на сите времиња – заклучи Рајт.