Египет: Ракета погоди здравствена установа во Таба во близина на границата со Израел

 – Најмалку шест лица се ранети рано утрово кога проектил погоди здравствена установа и станбена зграда во египетското одморалиште Таба во близина на границата со Израел.

Локални извори соопштија дека е почната истрага.

Неименуван египетски официјален претставник изјави дека Египет го задржува правото да одговори откако ќе се утврди кој го истрелал проектилот, пренесоа локалните медиуми.

Израелската војска соопшти дека е свесна за безбедносниот инцидент околу Таба, истакнувајќи дека се случил „надвор од нашите граници“, наведува весникот „Једиот Ахронот“.