Израел употреби гранати со бел фосфор во воздушните напади врз Јужен Либан

– Израелската армија вчера спроведе воздушни напади врз Јужен Либан, користејќи проектили со бел фосфор, јавуваат либанските медиуми.

Националната новинска агенција соопшти дека израелските воени авиони ги гаѓале источните делови на градот Мејс ал Џабал со гранати од бел фосфор.

Засега израелската армија не ги коментира овие тврдења.

Белите фосфорни бомби се меѓународно забранети со Женевската конвенција од 1980 година, која конкретно забранува нивна употреба како запаливо оружје против луѓето и околината.

Тензиите ескалираа по должината на границата на Либан со Израел откако израелската армија започна смртоносна воена офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.