Израелската војска соопшти дека сириска организација нападнала училиште во јужниот израелски град Еилат со дрон и дека таа возвратила на Сирија.
Војската не соопшти која организација во Сирија го испратила дронот во Еилат, град на околу 400 километри од најблиската точка на сириската територија.
Сепак, во соопштението се додава дека тие ја сметаат сириската влада целосно одговорна „за секоја терористичка активност од нејзина територија“.
In response to a UAV from Syria that hit a school in Eilat, the IDF struck the organization that carried out the attack a short while ago.
— Israel Defense Forces (@IDF) November 10, 2023
The IDF holds the Syrian regime fully responsible for every terror activity emanating from its territory.
We will respond to every…
Извештаите за нападот со беспилотно летало, кој предизвика мала штета, не посочија дали има повредени, пишува skynews .
„Како одговор на беспилотното летало од Сирија кое погоди училиште во Еилат, ИД неодамна ја нападна организацијата што го изврши нападот. ИД го смета сирискиот режим целосно одговорен за секоја терористичка активност што произлегува од нејзината територија. Ќе одговориме на секоја агресија врз Израел“, се вели во соопштението.
Израел го зголеми своето присуство во Црвеното Море за подобра заштита на јужниот брег, додека САД, исто така, имаат значително поморско присуство во областа.
Инаку, Еилат е главниот излез на Израел кон Црвеното Море.