Соединетите Американски Држави ги повикаа Белград и Приштина итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат.
– Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација – се наведува во одговорот за Гласот на Америка во врска со средбата на лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ со претставниците на Европската унија и лидерите на земјите членки.
– Продолжуваме силно да го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија, како единствен начин што ќе ги обезбеди нивните мирни и продуктивни односи и ќе ги исполни аспирациите за членство во Унијата – се наведува во одговорот на портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка.