СЗО: Пациентите во Газа се соочени со ризик од смрт поради недостиг на здравствена заштита

– Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), изјави дека недостигот на здравствена и хуманитарна помош во Газа, која е под интензивни израелски напади, става во опасност илјадници пациенти.

„Недостигот од здравствена и хуманитарна помош во Газа става во опасност од смрт илјадници пациенти“, напиша Гебрејесус на социјалната мрежа Х.

Тој истакна дека СЗО повикала на хуманитарен прекин на огнот, со цел на луѓето во Газа да им се обезбедат потребната храна, вода и гориво.

Конфликтот во Газа почна на 7 октомври кога Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ – повеќестран ненадеен напад, вклучително со зачестени ракетни лансирања и инфилтрации во Израел по копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека нападот бил одмазда за нападот на џамијата „Ал Акса“ и насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

Тогаш израелската армија започна немилосрдно бомбардирање на Појасот Газа.

Во конфликтот загинаа речиси 8.500 луѓе, меѓу кои најмалку 7.028 Палестинци и 1.400 Израелци.