Илија Манасиев нов помирувач меѓу синдикатот и раководството на УЈП

– Илија Манасиев е новиот помирувач меѓу Синдикатот и раководството на Управата за јавни приходи (УЈП). 

Информацијата за МИА ја потврди претседателот на синдикатот на УЈП Васе Неданоски. Тој појаснува дека откако на Манасиев ќе му биде врачено решението, во рок од три дена треба да биде свикан состанок меѓу Синдикатот и раководството на УЈП.

Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство. 

Вработените во УЈП бараат зголемување на платите за 30 проценти, а доколку не биде постигнат договор, најавија генерален штрајк.