КОХА: Косовските полицијци го запреа Данило Вучиќ и го замолиха да ја соблече маицата на која пишуваше…

Косовската полиција денеска го запрела автомобилот во кој се наоѓал синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ, во селото Трудна кај Приштина и побарала од него да ја соблече маицата со натпис „Предавањето не е опција“. , пренесува Коха.

Според Коха, Данил Вучиќ бил запрен од косовската полиција поради натписот на маицата.

На видеото кое го објави Коха се гледа моментот кога косовската полиција запрела два автомобили со белградски регистерски таблички.

Данило Вучиќ денеска беше во Грачаница каде присуствуваше на литургијата и панихидата во манастирот и разговараше со Србите облечени во маици со натпис „Предавањето не е опција“.