Пригожин спречен во последен час: Планирал да ги уапси Шојгу и Герасимов! ФСБ реагирала навреме (фото)

Американскиот весник „Волстрит журнал“ ја објави веста дека шефот на руската паравоена формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин планирал да уапси двајца од највисоките руски воени функционери за време на започнувањето на вооружениот бунт во Русија – Сергеј Шојгу и Валери Герасимов.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, овој заговор против двајца од највисоките руски воени функционери требаше да се случи за време на нивната посета на пограничната област во близина на Украина.

Според информациите, руската ФСБ дознала за заговорот два дена порано, па лидерот на Вагнер морал да ги промени своите првични планови и наместо да фати двајца високи функционери, тој решил да маршира кон Москва со добро вооружени членови на Вагнер.

Како што претходно објави „Њујорк тајмс“, се тврди дека генералот Сергеј Суровикин однапред знаел за плановите на Пригожин да подигне бунт против високи руски воени функционери.