Сè e снимено: Нарко-картел киднапира 14 полицајци во земја во која беснее војна за кокаинскиот пазар кон Америка (ВИДЕО)

Вооружена група киднапирала 14 полицајци на автопат во јужната мексиканска држава Чиапас.

Група од околу 40 полицајци патувала кон градот Тукстла Гутиерез кога биле пресретнати од група вооружени цивили во неколку возила. Киднаперите ги ослободиле жените, а ги задржале само мажите.

Се претпоставува дека зад киднапирањето стојат членови на нарко картелот. Во областа се распоредени силни полициски сили, додека властите се обидуваат да лоцираат каде се киднапираните за да започнат акција за нивно ослободување.

На Твитер се појави видео од киднапирањето, направено од автомобил што случајно се нашол таму. Властите ги предупредија цивилите да се држат настрана од областа поради ризикот од судири.

Државата Чиапас е сцена на крвава војна меѓу двата најсилни мексикански картели – Синалоа и Халиско Нова генерација

Областа за која станува збор не е далеку од границата со Гватемала. Овие два картели водат војна за територијата преку која се шверцува кокаин од Колумбија во САД.