Илон Маск оди на суд

Изгледа дека на маките на Илон Маск им нема крај. Пејачката Грајмс го тужи за прашања поврзани со нивните три деца.

Според странските медиуми, канадската пејачка поднела „поднесување за воспоставување родителска врска“ на 29 септември пред судот во Калифорнија, според судските записи до кои дојде Пејџ Сикс.

Имено, како што може да се види од списите, ова барање има за цел судот да ги идентификува законските родители на детето кои не се во брак. Но, очигледно Илон Маск не одговорил на нејзиното барање.

Грајмс всушност почнува постапка во која ќе бара пари за издршка или право на старателство.

Останува да видиме во чија корист ќе биде донесена пресудата.