ИЛОН МАСК ПРЕСЕЧЕ И ДОНЕСЕ НОВА ОДЛУКА ПОРАДИ МАНИПУЛАЦИЈА СО ПОДАТОЦИ: Отсега овие правила важат на Твитер и нема отстапувања од нив!
Веста дека Твитер воведува нови правила одекна како бомба . Овој пат Илон Маск им се обрати на корисниците од својот профил и објасни дека се воведува привремено ограничување на бројот на твитови што корисниците можат да ги прочитаат во еден ден.
Илон Маск ја информираше јавноста за следните новини:
„За да одговориме на екстремните нивоа на гребење податоци и манипулација со системот, ги имплементиравме следниве привремени ограничувања:
– Потврдените сметки се ограничени на читање 6.000 објави дневно
– Непроверени сметки до 600 објави дневно
– Нови непроверени сметки до 300 објави дневно“, напиша тој.
Инаку, корисниците ширум светот денеска пријавија проблеми во работењето на популарната социјална мрежа Твитер. До 14 часот, 2.225 корисници пријавиле на веб-страницата „Downdetector“ дека имаат одредени потешкотии при пристапот до мрежата.
Најмногу проблеми имаа оние корисници кои сакаа да пристапат до Twitter преку веб (67%), а нешто помалку преку апликацијата (23%).
Три часа подоцна, истите проблеми сè уште постојат и корисниците стануваат фрустрирани, пишуваат британските медиуми.