НОВ ЗАПЛЕТ НА ТРАГЕДИЈАТА НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ! Момче (7) паднало од траект, мајка му скокнала по него! СЕ СОМНЕВААТ НА УБИСТВО 

Полјакиња и нејзиниот седумгодишен син загинале кога паднале од траект во Балтичкото Море кој патувал од Шведска за Полска, изјави во петокот портпаролот на полската полиција.

Според истрагата, до трагедијата дошло кога мајката скокнала во водата по нејзиниот син кој паднал во водата, пишува Јутарњи лист.

Тие биле извлечени од морето со хеликоптер и префрлени во шведска болница. За жал, немаше спас за нив.

Малку подоцна Дејли Мејл објави информација дека шведските власти покренале прелиминарна истрага за случајот и дека се сомничи убиство. Не е јасно дали истрагата може да биде насочена кон самата мајка.

Друга опција, која би можела да биде причина за трагедијата е дека шведскиот траект „Стена спирит“ се запалил на половина пат до Гдиња во Полска кога се случила несреќата, а момчето потоа скокнало во морето.

Сепак, засега нема јасни информации за размерите на пожарот, ниту дали е предизвикан од дефект.