Откако ги промаши сите работи на Пендаровски му остана само уште една карта – Да игра на неговата сопруга за втор претседателски мандат!?

Деновиве на социјалните мрежи првично срамежливо, а поцодна некако како на лента почна да се тркала една поента-дека поради шармот и претставилноста на неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, Стево Пендаровски треба да добие шанса да трча или да победи во трката за втор претседателски мандат.

Непосреден повот за таквата активност на социјалните мрежи беше Конференцијата „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“ која под покровителство на Пендаровски се оддржа во Скопје, а на која присустваа околу 100 претставници од државата и од регионот на Источна Европа и Централна Азија, ООН, меѓународната заедница, креатори на политики, жени лидери, претставници/чки на граѓанското општество, на младите, експерти и други засегнати страни.

Меѓу другите, на конференцијата учествуваа: Арманда Бегај, сопруга на претседателот на Република Албанија, Мирела Беќировиќ, сопруга на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, Тамара Вучиќ, сопруга на претседателот на Република Србија и Алеш Мусар, сопруг на претседателката на Република Словенија. Преку видеопорака ќе се обратат и сопругите на претседателите на Република Хрватска и на Украина, Сања Мусиќ-Милановиќ и Олена Зеленска.

И по конференцијата почнаа да се тркалаат коментарите на твитер и на останатите социјални мрежи. Што стана и по малку нападно, бидејќи ниту првата дама е македонска верзија на Хилари Клинтон или на Меланија Трамп, а уште помалку, Стево Пендаровски е некоја македонска верзија на Бил Клинтон или Доналд Трамп.

Слични коментари имаше и при протоколарната средба/фотографирање на семејството Пендаровски со американскиот претседател и првата дама на САД на маргините на генералното Собрание на ООН во Њујорк.

Четири години имаше Пендаровски да го пополни просторот шеф на државата и не успеа во тоа. И по четири години остана на нивото интернет аналитичар или како што вели Ивон Величковски да го троши третиот мандат на Ѓорѓе Иванов. И по основа на францускиот предлог и по однос на сите клучни прашања во државата наместо да биде врховен командант, Пендаровски беше генератор на дефетизам и носител на таа ни вода ни кисилина политика.

На крајот откако ги промаши сите шанси изгледа му остана навистина само картата да игра на шармот и одлучноста на неговата сопруга!?