ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД – Човек-херој спасил млада девојка од сигурна смрт од рацете на опасен мафијаш: “Слушнав истрел, а потоа ми ја отвори вратата целосно гол и крвав маж…“

К.Д. (28 г.), државјанин на Црна Гора, претходниот ден бил уапсен откако околу 17 часот во хотелска соба во центарот на Белград ја претепал својата партнерка од Кина.

Тој бил сослушан во обвинителството и, според Blic.rs, делумно го признал делото. Се сомнева дека ја нападнал Л.Ј. бидејќи не сакала повторно да има секс со него. Обвинителството тврди дека тој ја поканил девојката во изнајмена хотелска соба за да искористи сексуални услуги за пари. Девојката од Кина наводно сакала да го напушти хотелот по еден час, но тој се налутил и почнал да ја дави и да ја тепа со рацете по телото и главата, по што жртвата се обидела да побегне на терасата. Таму продолжило насилството што го виделе и останатите гости на хотелот.

Црногорскиот државјанин и е познат на црногорската полиција и наводно е лице кое е блиско до криминална група. Извор за Nova.rs вели дека се работи за еден од моќните црногорски кланови, кој во јавноста не е толку познат како Шкаљарскиот и Кавачкиот клан.

Ненад Чернош, основач и претседател на хуманитарна организација, го слушнал хаосот што се случувал на терасата на хотелот и храбро влетал во објектот и ја спасил жената.

Како што објаснува Ненад Чернош за Nova.rs, за време на паузата на работа се движел по улицата каде се наоѓа хотелот кога во тој момент слушнал врева.

Работам како доставувач и тргнав со автомобил кон центарот на градот. Веќе на почетокот на таа улица слушнав ужасни звуци. Кога се приближив, слушнав како девојки врескаат од соседната зграда и велат: ‘Пушти ја’ и ‘Ќе ја убиеш’, а потоа таа девојка на терасата на хотелот врескаше. Пред хотелот имаше многу луѓе, сите гледаа нагоре. Застанав, излегов од автомобилот и истрчав во хотелот“, вака ја започнал својата исповед Ненад Чернош.

Според неговите зборови, по него тргнал уште еден млад човек.

Додека се качувавме, се слушна истрел, не знаевме што се случи во тој момент. На пат сретнавме девојка, која бегаше од горните катови. Таа ни ја покажа вратата од собата во која се случуваше се“, објаснил тој за Nova.rs.

Ненад Чернош истакнал дека почнал да удира по вратата, а набрзо ја отворил потполно гол и раскрвавен маж.

Претпоставувам дека отвори затоа што мислеше дека е полиција, но кога не виде застана и почна да зборува за тоа како му украла документи и нешто друго од неговиот сеф, но не кажа што. Почнав да викам: ‘Излези сега надвор’. По третата опомена се сврте, влезе во собата, а потоа видов дека телото му е облеано во крв, нозете, рацете, се. Облече тренерка и го зеде телефонот кој го скрши на прагот при излегувањето од собата и почна да трча по скалите“, раскажува Ненад Чернош.

Како што додава, вратата била затворена кога си заминал, а не знаеле дали девојката е жива.

Не знаевме што се случува внатре, дали е воопшто жива. Постојано удирав по вратата, а во еден момент девојка целосно облеана во крв ја отвори вратата, направи неколку чекори и само падна во ходникот на зградата. Таа се тресеше, целата во грч. Се обидов да разговарам со неа и на српски и на англиски, но таа ништо не разбираше. Кога видовме дека е жива, тргнавме по него. Веројатно затоа што пред хотелот имало гужва, истрчал во подрумот на хотелот, а во тој момент дошла полиција“, вели Ненад Чернош.

За насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир на предлог на основното јавно обвинителство Белград му е одреден притвор до 48 часа.

Несреќната жена со возило на Итната помош била пренесена во болница каде докторите констатирале дека има полесни физички повреди.

Ненад Чернош рекол дека не се смета себеси за херој, но кажал и дека не може да верува дека има луѓе кои можат само немо да гледаат додека некој се бори за неговиот живот.

Додека излегував од хотелот, некои луѓе ми аплаудираа, но ги слушнав и возачите кои стоеја зад мојот автомобил и викаа да забрзам и да го поместам автомобилот. Во моментите кога се плашев за нечиј живот, има толку многу нелуѓе на кои им беше гајле само да го поместам возилото за да тргнат по својот пат“, изјави разочаран Ненад Чернош за Nova.rs.