ИЛОН МАСК ЈА “ОСВОЈУВА“ И ЕВРОПА – ЕУ ќе му плати на милијардерот голема сума за вселенска програма: “Нема повеќе одложувања, сателитите не можат да чекаат!“

Европската унија е во завршна фаза на договор со компанијата на Илон Маск, Space-X, вреден 180 милиони евра, со цел во следната година да лансира четири навигациски сателити „Galileo“. Пресвртот во желбата на ЕУ да постигне стратешка автономија во вселената дојде откако беше одложена сопствената ракетна програма на Европа.

Комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, кој неодамна се судри со Илон Маск околу дигиталната политика, одлучи да го прифати предлогот на Европската вселенска агенција (ESA) за користење на фрлачот Falcon 9 на Space-X, со оглед на тековните неуспеси со европскиот фрлач Ariane 6.

Илон Маск

На министерскиот состанок во Севилја, Тиери Бретон ја откри итноста на ситуацијата, велејќи:

Имаме четири сателити за лансирање следната година, а со оглед на тоа што Ariane 6 сè уште нема да биде достапен, го прифатив предлогот на Европската вселенска агенција да користиме SpaceX“.

Лансирањето е привремено закажано за април и јули, а секој ќе носи два геонавигациски сателити „Galileo“ во орбитата, зајакнувајќи ја алтернативата на ЕУ на американската ГПС мрежа.

Ова неочекувано партнерство произлегува од постојаното одложување на програмата Ariane 6, првично дизајнирана да ги лансира тие сателити. ЕК мораше да истражува алтернативни опции за мисиите до 2024 година поради скапите одложувања и пензионирањето на постариот систем Ariane 5. Првичниот план беше да се користи рускиот ракетен систем „Сојуз“, но конфликтот во Украина ги искомплицира работите.

Тиери Бретон ја изрази својата фрустрација, истакнувајќи:

Имавме календар што беше ветен, но тоа не се случи“, укажувајќи на доцнење во програмата Ariane 6, која беше развиена од страна на Airbus и подружницата на Safran ArianeGroup

Следствено, Европската унија беше принудена да носи неконвенционални одлуки.

Пред да го заврши лансирањето на Space-X, ЕУ мора да подготви безбедносен договор со американските власти, за да гарантира 24-часовен пристап до сателитите „Galileo“ и право на враќање на технологијата во случај на дефект на ракетата.