Илјадници луѓе на белградските улици извикуваа “Вучичу крадецу”, лидерката на опозицијата на работ на солзи, едвај одеше, власта во паника, од Србија сакале да направат нова Украина (Фото/Видео)
Заеднички именител на пораките од митингот е дека изборите се „очигледно украдени“ и мора да се поништат.
Илјадници луѓе ги исполнија централните улици на Белград во саботата на протест под слоганот „Не се согласуваме“, кој беше организиран во екот на постизборната криза и барањата за поништување на изборите одржани на 17 декември, за кои дел од опозиција на левиот центар се обидува да докаже дека се украдени.
Протестот го повика група јавни личности собрани околу иницијативата ПроГлас, а студентите се приклучија на собирот по 24-часовната блокада на патиштата, барајќи да се отвори избирачкиот список и да се утврди кој гласал и кој и како имал право да гласа, особено во Белград.
Srbijo hvala ti!#SrbijaProtivNasilja #Beograd #Srbija #caosvima #izbori2023 #protest #borba #proglas pic.twitter.com/Jlx7Nu2Hsx
— Irregular Srb (@IrregularSrb) December 30, 2023
На насобраните им се обратија иницијаторите на ПроГлас, актерката Светлана Бојковиќ, универзитетските професори Миодраг Јовановиќ и Филип Ејдус и студентите кои со денови организираат повремени блокади на патиштата во Белград.
Во предизборната кампања таа иницијатива повика на масовен одзив на гласачките места, со порака дека „на Србија не и треба култ на личноста, туку слободни граѓани кои управуваат со односите во сопствената држава“.
На саботниот протест зоруваа носителите на изборната листа на опозициската коалиција „Србија против насилство“ од левиот центар, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, која започна штрајк со глад на 18 декември, сакајќи да изврши притисок врз власта и меѓународната заедница, барајќи поништување на изборите, пред се во Белград.
🚨🇷🇸BREAKING: MASS PROTESTS IN SERBIA OVER ELECTION FAIRNESS
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) December 30, 2023
Thousands protest in Serbia’s capital against alleged unfair election practices, demanding the annulment of recent votes.
Tensions rise as police clash with demonstrators trying to enter Belgrade town hall.
Source:… pic.twitter.com/Idt1brMjXK
Тепиќ на 13-тиот ден од штрајкот со глад ги поздрави граѓаните на протестот и рече дека единствено што има да каже е дека изборите мора да се поништат.
На Мариника Тепиќ, која повеќе од една недела прима инфузија, на бината и помогнаа колегите од опозицијата Радомир Лазовиќ и Мирослав Алексиќ, а таа насобраната толпа ја поздрави со стисната тупаница и на работ на солзи.
„Единствено што можам да ви кажам е дека ви кажав се и дека изборите мора да се поништат“, рече Тепиќ.
Еден од лидерите на опозициската коалиција „Србија против насилство“, Здравко Понош изјави дека „ова не е завршена работа, ни претстои борба на сите фронтови, и на улица и во институциите“.
„Вучиќ, крадец“, „Крадци, арамии“ извикуваше толпата.
Заеднички именител на пораките од митингот е дека изборите се „очигледно украдени“ и мора да се поништат и повторат под подобри и пофер услови.
Демонстрантите со црвени картони во рацете се упатија кон седиштето на Државната изборна комисија, а потоа кон Уставниот суд.
Според официјалните податоци, Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ на предвремените парламентарни избори на 17 декември освоила 46,72 отсто од гласовите.
Дополнително, таа оствари тесна победа во Белград, каде опозицијата смета дека имала повеќе гласови, но дека и биле украдени со бројни злоупотреби и изборен инженеринг, заедно со миграцијата на гласачите и носењето гласачи од БиХ и српските градови каде немаше локални избори.
Dragan J Vučićević se zahvalio svima koji sa njim i @avucic “brane državu”!
— Немања Шаровић (@NemanjaSarovic) December 30, 2023
CITIRAM: “HVALA MILICI ĐURĐEVIĆ Stamenkovski, HVALA DOKTORU NESTOROVIĆU, hvala Ivanu Ivanoviću iz Pokreta “Naši…”
Nadam se da će sada i oni najgluplji shvatiti… pic.twitter.com/39mcCyYAZR
Блискиот соработник и голем медиумски поддржувач на Александар Вучиќ, сопственикот на медиумскиот систем Информер, Драган Ј. Вучичевиќ во својот јавен настап се обрати до Србите со молба и порака да ја бранат Србија од опозицијата и тие што протестираат, кои според него не се откажале од своите немери и сакале Србија да ја претворат во Украина.