,,Имавме груб секс, како улична тепачка беше” Бритни Спирс сподели шокантни детали за врската со овој актер (фото(

Бритни Спирс одлучила да проговори за, како што тврди, двонеделната жешка романса што ја имала со познатиот актер Колин Фарел пред многу години, споредувајќи ја нивната афера со „улична тепачка“, пренесува TMZ.

Поп-ѕвездата напиша за врската со Колин во нејзините нови мемоари „The Woman In Me“, кои треба да бидат објавени на 24 октомври. Во новиот извадок од книгата, до кој дојде Тајм, Бритни пишува дека првпат го запознала Фарел кога била промотер на клубот на снимањето на неговиот филм S.W.A.T. од 2003 година.

Пејачката открива дека меѓу нив веднаш почнале да ,,летаат искри”, а средбата завршила со многу груб секс, кој го опишала како „двонеделна груба борба“, пренесува Индекс.

,,Борба – единствениот збор кој го опишува тоа. Водевме љубов толку страсно што изгледаше како улична тепачка“, се присети пејачката.

Таа исто така откри дека на крајот спиела со Фарел откако тогашното момче Џастин Тимберлејк раскина со неа во 2002 година.