ИМАВ КАЛАШНИКОВ ПОД КРЕВЕТОТ НА 15 ГОДИНИ! “Брацо” ги шокираше сите: Татко ми ми рече да го земам пиштолот и да излезам надвор
Хасан Салихамиџиќ (47) во кариерата настапуваше за Хамбург, Баерн Минхен, Јувентус и Волфсбург, со Баварците ја освои Лигата на шампионите, со нив имаше најмногу титули, а до неодамна беше спортски директор на клубот. Кој знае во кој правец ќе одеше неговата кариера и живот ова ако не донесеше некои тешки одлуки за време на војната во Југославија. Токму за тоа тој зборуваше, кажувајќи какви се премрежја поминал во животот.
Тој потсети на деведесеттите години од минатиот век. „Роден сум во Мостар, каде е познатиот Стари мост. Имав безгрижно детство, татко ми беше полицаец, мајка ми учителка, сакав да бидам фудбалер. Југославија беше функционална земја, добро ни беше, имав едноставен и среќен живот. Со Фудбалот почнав да се занимавам на осум години, татко ми беше мојот прв тренер, играше во втората лига. Играв за младите селекции на Југославија и по натпреварот морав да си одам дома, но немаше летови од Белград за Сараево. Се враќав со автомобил и тогаш сфатив дека ситуацијата е сериозна“, ја започна својата приказна за германските медиуми Салихамиџиќ.
Продолжи да зборува во истиот здив. „На околу десет километри од мојата куќа беше борбената линија, по два месеци дојде татко ми и рече „имаме калашников во куќата и пиштоли, земи ги и пребарај ги двата дела од улицата“. Ми рече да ја земам мајка ми и сестрата ми да се обидат да побегнат. Кога имаш калашников под креветот на 15 години… Тоа не е нормално“.
Неколку недели после сето тоа, тој замина во Германија. “Едно утро ме разбуди сестра ми и ми рече да се облечам и да одам во Германија. Одбив, не сакав да се разделам од моето семејство, беше тешко. Сепак, се качив со автобусот за Дортмунд, а од таму стигнав во Хамбург. Морам да признаам дека е вистина дека ако се посветиш и работиш напорно во Германија, ќе добиеш шанса. Ја искористив шансата за која толку многу сонував. Успеав затоа што се борев“, заклучи Салихамиџиќ.