,,Имав обезбедување дома, можеше да биде многу непријатно!” Од клупска легенда до предавник: Не можеа да ми простат… (фото)

Фудбалот е најважната споредна работа во светот, но за многумина е многу повеќе од тоа. За многу луѓе ширум светот, фудбалот е многу повеќе од само игра, тој претставува страст, љубов, а често и цел живот!

Навивачите ја ценат лојалноста кон клубот, но често има големи предавства кои ја „палат“ јавноста, а по кои фудбалерите се наоѓаат во големи проблеми. Еден од нив секако е оној кога Предраг Мијатовиќ на 13 февруари 1996 година реши дресот на Валенсија да го замени со Реал и од икона на клубот од „Местаља“ стана апсолутен предавник во овој клуб!

Во една прилика „Марка“ разговараше со Мијатовиќ за овој трансфер, а поранешниот југословенски репрезентативец откри дека се соочил со големи проблеми по одлуката да потпише за Реал.

-Валенсија сакаше да ми даде нов договор, но јас решив да потпишам преддоговор со Реал. Клубот многу ми се налути, а и навивачите. Но, јас бев тој што ги носеше одлуките и сакав да одам. Клаузулата беше околу 1.500.000 пезоси, што беше рекорд во Шпанија во тоа време. Народот тоа го доживеа како предавство – изјави Мијатовиќ за „Марка“, додавајќи:

Предраг Мијатовиќ

-Тие луѓе многу ме сакаа и секогаш ќе кажам дека периодот во Валенсија беше најважен во мојата кариера, бидејќи таму станав и човек и играч. Меѓутоа, не можеа да ми простат затоа што си заминав на таков начин и никогаш не можевме да ја поправиме таа врска. Имав обезбедување во куќата, бидејќи можеше да биде многу непријатно. Но, луѓето мора да знаат дека јас бев таму три години, игравме во финалето на Купот и бевме втори во првенството. Заминав по освоениот трофеј, кој можев да го освојам во Реал.

Предраг Мијатовиќ одигра 128 натпревари и постигна 68 гола во дресот на Валенсија, но и покрај тоа, во Реал Мадрид доби статус на божество, за кој постигна гол 36 пати на 118 натпревари, а освои една Лига на шампиони, титула во ЛА Лига, Суперкуп на Шпанија и Интерконтинентален куп.