ИМАЛ 49 ЖЕНИ, СЕГА ЈА БАРА 50-тата! Тито од Зеница ги запали мрежите: Сакам да биде “полничка”, а ниту една на ова не останала рамнодушна! (ВИДЕО)

Сите го знаат Таиб Сеферовиќ во Зеница по прекарот „Тито“ . Вели дека е посебен човек и дека животот му е многу интересен, а за тоа има добра причина.

Тито е навистина интересен маж, се пофали дека завел многу жени. Штом ќе го видела жена, како што вели тој, не можела да остане рамнодушна на неговата машкост.

– Првата сопруга се викаше Рашида. Таа беше две години постара од мене. Моето прво дете го роди на 13 години. Се заљубив во неа на училиште. Бевме во брак 25 години и имавме единаесет деца. Тоа беше мојот најдолг брак – рекол Таиб.

Таиб Сеферовиќ

Тој вели дека живеел со неколку жени во исто време и дека секоја знаела за другата.

– Не се жалеа многу, бидејќи добија доволно љубов. Не правев никакви разлики меѓу нив.

Таиб вели дека не му биле доволни 49 сопруги и сега ја бара 50-тата сопруга бидејќи моментално е слободен.

– Треба да бидете џентлмен кон жените за да ги освоите. Барем на првите состаноци. Ми се допаѓаат малку пополни и да знаат секакви работи во кревет. Од 70 до 90 килограми. Витките и русокосите не доаѓаат во предвид. И годините се важни, не ми треба стара и грда, туку згодна мачка – искрен е тој.

Тој вели дека успеал да „собере“ над 50 деца. А според него има околу 250 внуци.

Прекарот Тито , како што вели, му го дале пријателите и се гордее со тоа.

– Тито беше и останува мој претседател. Се додека живеам ќе биде така. Мислам дека го заслужувам овој прекар. Јас сум легенда. Кој друг се оженил како 11-годишник и спиел со толку жени – прашува Сеферовиќ.

Тој вели и дека Ромите се најдобриот народ во светот.

– Галантни сме кога сме платени. Знаеме да трошиме пари на музика… Никаде не се живее толку добро како во БиХ, заработуваме 500 КМ, а трошиме 3.000 – вели Тито.