„ИМАМ 37 ГОДИНИ И ЖИВЕАМ СО РОДИТЕЛИТЕ“ Кога ги откри причините, сите ЈА НАПАЃАА: „Еве зошто не сакам да се одселам“ (ВИДЕО)
Линдзи Џејн Гордон е адвокатка и писателка од Велика Британија, која има 37 години, а по дипломирањето решила да го пропатува светот.
Отпатувала во Австралија и Нов Зеланд, а подоцна била стационирана во Франција, каде што работела четири години. Потоа се вратила во Лондон и почнала да работи во банка, а слободното време го користела за патување. Меѓутоа, кога беше прогласена пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, Линдзи реши да се врати во домот на нејзините родители.
„Никогаш немав намера да живеам со моите родители, но бидејќи сè уште сум сингл, едноставно не брзам да се преселам некаде, иако можам да си го дозволам тоа. Така што мојата причина за останување овде е само затоа што сакам – и тоа е доволна причина“, објасни таа, додавајќи дека поради тоа не го нашла разбирањето на околината.
Во видеото објавено на TikTok, Линдзи се пошегува дека не и е грижа што мислат луѓето за нејзиниот потег, додека во друго видео објавено на Инстаграм, таа објасни дека живее со родителите затоа што така сака.
„Можам да ви дадам список со причини зошто тоа функционира во мојот случај, но не ги прашувам другите зошто живеат со своите родители, или цимери или сами… зошто е важно? Јас го избрав тоа во овој период на мојот живот.Ако и ти живееш со родители, не си должна да го оправдуваш својот избор пред другите“, напиша таа.
„Не ми е гајле што мислат луѓето за мојата животна ситуација, кога ми велат дека сум премногу стара за да живеам со моите родители на 37 години, тогаш продолжете така“, заклучи таа.