,,Имаше околу 300, меѓу нив и странски платеници!” Путин првпат проговори за упадот на руските сили спротивставени на Кремљ во пограничните области

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека странски платеници учествувале во обидот на Украина да ги нападне пограничните области на Руската Федерација.

РИА Новости пренесува дека тој тоа го кажал во интервју што го дал за таа руска агенција и телевизискиот канал Росија 1.

Се наведува дека во тоа опширно интервју го коментирал „обидот на режимот во Киев да упадне на граничната територија на Русија“.

-Таму на државната граница непријателот се обидел да изврши напад, пред сè, со помош на групи саботери, а последниот извештај на Генералштабот (на руската армија) вели дека имало до 300 луѓе вклучително и учество на странски платеници – рече Путин.

Vladimir Putin

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ТВИТЕР, АП СЕРГЕЈ ГУНЕЈЕВ

Легијата „Слобода за Русија“, која ја сочинуваат противниците на Кремљ, заедно со рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон, вчера објавија дека од Украина е извршен упад во руските региони Курск и Белгород.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера ги демантираше наводите дека руските паравоени формации составени од противници на Кремљ успеале да упаднат на територијата на пограничните области.

Легијата „Слобода за Русија“ денеска објави ново видео за кое тврдат дека е направено во селото Теткино во областа Курск.