Јокиќ не сакаше да зборува за Милојевиќ, па даде чудна изјава: „Го сакам, но нема да правам циркус од тоа“

Екипата на Денвер Нагетс славеше против Индијана на гостински терен, каде како и обично главната улога ја имаше Никола Јокиќ. Србинот постигна 31 поен, а за 37 минути на паркетот направи 13 скока и 10 асистенции.

Меѓу другото, Никола Јокиќ погоди решавачка тројка, додека по мечот имаше малку чудна изјава. Никола Јокиќ беше прашан веднаш по натпреварот за Дејан Милојевиќ , српскиот тренер кој неодамна почина на 46-годишна возраст.

Сепак, Јокиќ не сакаше ниту да зборува за него.

– Го сакам – кратко рече Јокиќ, а потоа додаде:

– Моето семејство е во шок. Го сакам целото негово семејство – изјави Јокиќ.

Новинарот само го праша зошто не сака да разговара, а Јокиќ го пресече со уште еден коментар.

– Не сакам да правам циркус од тоа.