Претрес во Скопје, пронајден кокаин, приведен дилер  

 Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска извршиле претрес во дом на М.И. (31) во Скопје, соопштија од МВР.

– При претресот пронајден е кокаин.Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР.