Драматично видео од експлозоја на облакодер во Киев: Погледнете како проектилот удира во огромната станбена зграда (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во станбен облакодер во Киев.

На видеото се гледа како проектилот ја погодува зградата, по што следи огромна експлозија и голем облак чад.

Да потсетиме, најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во денешниот најголем руски напад врз неколку украински градови. Само во Киев загинаа осум лица, а најмалку 30 се повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија денеска лансирала околу 150 проектили во најголемиот воздушен напад врз Украина и дека повеќето од нив биле соборени. Зеленски додаде дека Русите „го испукале речиси секое оружје што го имаат во својот арсенал“.