Имаше страшни главоболки и конечно побара помош: На лекарите не им е јасно како ова му влезе во главата
Неименуваниот маж од Виетнам пет месеци страдал од мачни главоболки, а решил да побара лекарска помош кога почнал да го губи видот.
Случајот е снимен на 24 ноември во градот Донг Хои, а епилогот е повеќе од бизарен, пренесува Метро .
Откако бил примен во болница, 35-годишникот бил прашан дали има индиции што би можело да ги предизвика проблемите, но тој не дал одговор.
Лекарите нарачале КТ скен, а кога стигнале сликите дошло до шок.
Откриено е дека длабоко во черепот има две скршени стапчиња за јадење, какви што обично добивате во кинеските ресторани!
Пациентот останал збунет, а потоа неговото семејство објаснило дека пред пет месеци бил вмешан во тепачка кога бил повреден.
И тој завршил во болница, но не се констатирани ниту пријавени повреди.
Се верува дека при пресметката ривалот му ги заглавил стапчињата за јадење во нос и тие се протнале.
По консултацијата, лекарите извршиле ендоскопска интервенција и ги отстраниле „туѓите предмети“. Мажот останува хоспитализиран во стабилна состојба во очекување на закрепнување.