„ИМА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ, ЕВЕ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО ВОЈНАТА! Шок тврдења на Кисинџер – ова беше ГЛАВНА цел на Хамас!

Човекот кој советуваше бројни американски претседатели даде свое мислење за хаосот на Блискиот Исток.

Нападот на Хамас врз Израел е фундаментален напад врз светскиот поредок, Европа треба да го поддржи Израел, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Со поранешниот американски дипломат разговараше Матијас Допфнер, директор на најголемата германска медиумска компанија Акел Спрингер, која е сопственик на најтиражниот германски весник Билд, како и угледниот портал Политико.

Кисинџер е роден во Германија , каде што тој и неговото семејство побегнале од нацизмот во 1938 година. На прашањето како се чувствува кога видел некои Арапи на улиците на Берлин како го слават нападот на Хамас врз Израел, тој рече дека тоа е болно. Масовната имиграција беше тешка грешка, изјави 100-годишниот Кисинџер во интервју објавено на порталот Политико.

Беше голема грешка да се пуштат толку многу луѓе од сосема различни култури, религии и вредносни системи, истакна поранешниот американски државен секретар, бидејќи тоа создава група неистомисленици во секоја од овие земји што создава притисок.

„Отворениот акт на агресија“ на Хамас мора да се соочи со казна , посочи тој. Делумно, ова се должи на мислењето на Хамас дека – со поддршка на соседните земји и со неактивноста на другите, вклучително и Европа – може да направи такво нешто без страшни последици. 

Тој предупреди на потенцијалот за опасна ескалација во регионот. На прашањето која, според него, била главната цел на Хамас кога нападнал, тој одговорил дека тоа е мобилизација на арапскиот свет против Израел . Тој предупреди на опасноста од Иран и акумулацијата на оружје во Либан што може да се користи против Израел.

Конфликтот на Блискиот Исток носи опасност од ескалација и интервенција на други арапски земји под притисок на нивното јавно мислење, истакнува Кисинџер, потсетувајќи на лекциите од војната во Јом Кипур во 1973 година, за време на која арапската коалиција предводена од Египет и Сирија го нападна Израел.

Тогаш светот имаше среќа да има арапски лидер со визија за иднината, со кој би можел да се склучи мир, вели Кисинџер, нагласувајќи дека не верува дека Хамас денес има таква личност. Сметам дека Хамас мора да биде исклучен од политичката сцена, изјави искусниот дипломат.