ЕВЕ ШТО ВРЕМЕНСКИТЕ ПРОМЕНИ МУ ПРАВАТ НА НАШЕТО ТЕЛО: Слабост во нозете и рацете, дури и кај оние кои немаат проблеми со притисокот!

Граѓаните неделава ги очекува вистински временски тобоган! 

Специјалист по општа медицина, истакнува дека наглите скокови на температурата се „масажа“ на нашиот центар за терморегулација, односно систем за зачувување на температурата на телото и организмот.

При ненадеен скок на температурата доаѓа и пад на атмосферскиот притисок, доаѓа до проширување на крвните садови на периферијата, во рацете, стапалата, во самата кожа… Ова проширување предизвикува опаѓање на крвниот притисок, па дури и луѓето кои немаат проблеми со крвниот притисок можат да го почувствуваат тој момент на опаѓање на притисокот, чувство на слабост, непријатност, слабост во целото тело, особено во рацете и се плашат – вел тој.

Тој додава дека нивното срце често прескокнува поради страв , како и дека може да доживеат и вртоглавица.

Не е ништо заканувачки. Веќе имаме искуство со вакви осцилации на температурата, но наше е да се прилагодиме. Ако надвор е топло, пријатно, наполнете ги течностите, а оние кои имаат висок крвен притисок, а надвор е многу топло, намалете ја терапијата, се разбира во консултација со докторот. Утрата и навечер се многу студени и треба да се облекувате соодветно – забележува тој.