,,Има многу сличности со убиството на Вања!” Криминолог: Повторно отворете ја истрагата за нерасчистеното киднапирање и убиство на Билјана! (фото)

Цела Македонија како и регионот беше вклучена во потрагата од 27 ноември, кога девојчето Вања Ѓорчевска (14) исчезна, а после осум дена беше пронајдено нејзиното тело, како и телото на фризерот Панче од Велес (74).

Иако многу работи се досега кажани, останува да се следи трагата на односите на Љупчо Палевски Палчо и дедото на малата Вања, кој беше беше клучен играч во царинската хиерархија во Македнија во времето на кршењето на санкциите кон тогашна СР Југославија. Тоа ќе биде анализирано во утрешната емисија Во Центар за мембери ( вторник во 22 часот и 30 минути ) каде ќе бидат презентирани многу нови ексклузивни информации.

По трагичното убиство на Вања и Панче, пензионираниот полициски началник на СВР Куманово и помошник директор на Бирото за јавна безбедност, Љубомир Ѓурчески се залага за повторно отворање на случајот за нерасчистеното киднапирање и убиство на младата Билјана Србиновска. 

Во гостувањето на ЕМ ТВ, тој направи впечатливи паралели помеѓу двата случаи, тврдејќи дека и двата случаи имаат морничави сличности – никогаш не беше пронајден виновникот за убиството на Билјана.

Ѓурчески истакна како Билјана била киднапирана во 1989 година на необично сличен начин на случајот на Вања. Киднапирањето се случило или од влезот на зградата во Карпош 2 каде таа престојувала или во непосредна близина. Безживотното тело на Билјана подоцна било откриено во нивите во селото Бразда во близина каде што беше најдено и телото на Вања.

Таа попладне го напуштила пионерскиот дом „Карпош“ и се упатила пеш дома  по булеварот Илинденска, но никогаш не стигна до улицата Никола Тесла бр 18 во Карпош 1 каде што живееше.

По повеќе од еден месец, на 27 јануари 1990 година, нејзиното тело е пронајдено во скопското село Бразда. Според тогашните информации, момче и девојка случајно забележале тело на убиена девојка во бунар во Бразда и ја известиле полицијата. Беше откриено дека Билјана била сексуално злоставувана и убиена, но никогаш не се откри кој стои зад ова монструозно злосторство.

Тие што се љубители на теориите на заговор веројатно ќе потенцираат дека пред неколку години на Јутуб беше отвирен канал под името Никола Тесла каде беа објавувани дел од бомбите, а живеалиштето на младата девојка која беше убиена случајно е на адреса со името на големиот научник!? Иако се шпекулираше никогаш не беше докажано дали зад тој канал на Јутуб стои Љупчо Палевски Палчо. Но штом пензинираниот инспектор порачува дека треба да се преиспита тоа убиство, тогаш можеби на маса да се стават сите детали кои можат да одат во тој правец, а потоа со истрага да се докаже кои од нив можат да бидат третирани како корисни или (не)точни!?

Вања Ѓорчевска

Поврзување на точките: Барање одговори

Пензионираниот помошник директор на Институтот за јавна безбедност и поранешен градоначалник на СВР Куманово смета дека повторното отворање на случајот Билјана е императив. Неговата цел е да утврди дали постои поврзаност меѓу сегашните осомничени во случајот на Вања и долго неразјаснетите мистерии за киднапирањето и убиството на Билјана!

Критика на истрагата

Ѓурчески го критикуваше Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот Вања. Тој укажа на потенцијалните оперативни неуспеси и ја доведе во прашање соодветноста на истрагата, особено кога беа објавени критични информации за време на инцидентот.

,,Доколку теоретски ги претпоставиме сите професионални дејствија и почитување на криминалните начела, особено начелото на брзина во полициското постапување кое е еден од основните принципи и доколку истрагата и пријавувањето на Панче Жежовски и возилото од Велес беше добро направена, можеше да доведе до овие резултати. Да не се делат мислењата, но неуспехот на операцијата постои, особено кога се објавува во медиумите каде се наоѓа предметот со кој е извршено кривичното дело. Инспекцијата ги доловува и влакната и ДНК. МВР и’ остави простор на опозицијата да тврди дека злосторството е откриено порано, но поради самитот на ОБСЕ не беше објавено. Ова е информација која според мене треба да се провери“, вели Ѓурчевски.

Како што се заклучува од интервјуто, повикот на Ѓурчески за повторно отворање на истрагата ги одразува чувствата на оние кои бараат правда и за Вања Ѓорческа и за Билјана Србиновска. Потрагата по одговори продолжува, поттикната од решеноста да се поврзат точките и да се решат овие прогонувачки мистерии.

Да потсетиме дека Љупчо Палевски Палчо е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тој е во притвор во Турција и таму може да остане најмногу една година.