ИМА РАК НА ДОЈКА – Актерката од серијата „Baywatch“ жали што вградила силиконски импланти на 18 години: „Беше глупава одлука“

Актерката Никол Егерт откри дека жали што ставила силиконски импланти на 18 години за улогата во популарната серија „Baywatch“.

Имено, таа неодамна објави дека има рак на дојка и дека моментално е во втор стадиум, а потоа во интервју за People откри дека жали што направила пластична операција.

„Ги гледам сите овие помлади девојки како го прават тоа и велам: „Боже, оставете ги своите тела на мира“, рече 52-годишната актерка.

Актерката низ годините имала голем број операции за зголемување на градите, но решила да ги намали во 2015 година. Егерт призна дека не била ниту физички ниту психички подготвена за секојдневно снимање во костим за капење.

„Тоа беше глупава одлука на 18-годишна девојка“, изјави таа.

Откако неодамна откри дека има рак, Егерт рече дека чека да оди во операционата сала за да и се отстрани болната грутка од левата дојка и да дознае кога може да започне со хемотерапија.

Актерката признала дека често ја фаќа паника знаејќи дека ракот расте во неа секоја секунда, а најтешко и е помислата дека би можела да умре и да ги остави ќерките Дилин (25) и Киган (12). Таа тврди дека нема кому да и ја остави помалата ќерка, ако умре.

Егерт признала дека не ни знае како ќе ги плати сите трошоци за лекување, па нејзината блиска пријателка Минди Молинари упатила апел да го финансира нејзиното лекување за да не остане без пари и дом.