“ПОДГОТОВКАТА ЌЕ БИДЕ ПОСЕБНА!“ – Новак Ѓоковиќ освои се што можеше, а му остана само уште едно нешто

Грен Слем титулите се секогаш моја цел, но златниот медал следната година на Олимписките игри во Париз е посебна инспирација“, истакна српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на АТП финалето.

Новак Ѓоковиќ по рекорден седми пат победи на завршниот турнир во годината, поставувајќи нов рекорд, но она што му недостига во кариерата е секако златниот медал на Олимписките игри.

Подготовката за следната година ќе биде посебна. Распоредот ќе биде густ и многу незгоден бидејќи ќе дојде до ненадејна промена на површините на кои играме. Олимписките игри во Париз ќе бидат под мојата специјална лупа“, вели Новак Ѓоковиќ, кој во својата кариера освои само бронзен медал на ЛОИ во Пекинг во 2008 година, а потоа остана без ништо на Олимписките игри во Лондон, Рио де Жанеиро и Токио.

Следната година Ролан Гарос ќе се игра на крајот на мај. Тениската елита потоа ќе се пресели на тревната подлога, а на почетокот на јули ќе заврши со Вимблдон, а кон средината на седмиот месец ќе се врати на земјата, односно на олимпискиот турнир во Париз.

Поривот за успех и големата мотивација се уште не ми се проблем. За среќа, телото се уште ми служи добро во се“, тврди тенисерот број еден на АТП рангирањето.