Меси следната сезона е надвор од терените седум натпревари

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси следната сезона ќе пропушти најмалку седум натпревари на својот клуб во МЛС лигата поради обврски во репрезентацијата на Аргентина.

Менаџерите на аргентинскиот фудбалер му соопштиле на раководството на Интер дека Меси следната година ќе мора да пропушти некои натпревари во МЛС лигата.

Шпанските медиуми потсетуваат дека следната година Меси го очекува Копа Америка со Аргентина, која е закажана од 20 јуни до 14 јули во САД. Поради тоа, аргентинскиот фудбалер нема да настапи на најмалку пет натпревари во МЛС лигата.

Меси ќе има обврски со аргентинската репрезентација на крајот на март следната година, поради што најверојатно нема да настапи на два меча за Интер.

За клубот од Мајами оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна 11 голови.

Новата сезона во МЛС лигата започнува на 21 февруари следната година.