Тоа го докажуваат и научниците: Постот го обновува целиот имунолошки систем

Постот, дури и за само три дена, може да го обнови целиот имунолошки систем. Оваа регенерација може да се случи и во староста, тврдат научниците кои нивното откритие го опишаа како „извонредно“.

Иако постот може да биде критикуван од нутриционистите како нездрава исхрана, новото истражување сугерира дека гладувањето предизвикува телото да почне да произведува нови бели крвни зрнца, кои се борат против инфекциите.

Научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија велат дека ова откритие може да биде особено корисно за луѓето со компромитиран имунолошки систем, како што се пациентите кои се подложени на хемотерапија.

Освен тоа, постот им помага и на постарите, чиј имунолошки систем со годините станува понеефикасен, што ја отежнува превенцијата од вообичаени болести, пренесува Телеграфи.

Постот помага да се отстранат оштетените или старите делови од системот, односно ирелевантните делови.

Значи, ако започнете со постење со систем оштетен од хемотерапија или стареење, постот буквално може да генерира нов имунолошки систем.

Научниците исто така откриле дека долгорочниот пост го намалува ензимот ПКА, кој е поврзан со стареењето и хормонот кој го зголемува ризикот од рак и раст на туморот.

72-часовниот пост ги штити болните од рак од токсичните ефекти на хемотерапијата. Тоа е затоа што хемотерапијата може да спаси животи, но тоа го прави со предизвикување масовно оштетување на имунолошкиот систем. Резултатите од оваа студија сугерираат дека постот избегнува некои од штетните ефекти на хемотерапијата.