Пукање во скопски Аеродром: Повереден таткото на исчезнатиот Самоил, роднина на Љубе Бошковски

МВР соопшти за страшниот чин кој денес се случил во скопски Аеродром. Имено, од таму соопштија дека е пукано во таткото на Самоил Костадинивски, роднина на Љубе Бошковски, кој се води за изчезнат веќе четири месеци.

,,Пријавено е дека на подрачјето на Аеродром, едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Пренесен бил во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР, пренесува makfax.

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, познат како внук на политичарот Љубе Бошковски,  нудеше парична награда за негово пронаоѓање. Макфакс се обиде да стапи во контакт со Костадиновски, но тој не одговори на повиците.

Зa исчезнувањеte на Самуил пријавил неговиот 32-годишен брат во осум часот наутро на 4-ти март, по што од МВР биле преземени соодветни мерки за негово пронаоѓање. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се упасени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.