“ИМА 23 ДЕЦА!“ – Ја нарекуваат ‘пин-ап девојката на Кремљ’ и е најбараната Русинка во светот: Ја прогонуваат за воено злосторство што го шокираше светот
Русокосата 38-годишна Марија Лвова-Белова, сопруга на руски православен свештеник и мајка на 23 деца, меѓу кои и едно од украинскиот град Мариупол, во нејзината родна Русија се нарекува „пин-ап девојката на Кремљ“.
Нејзиниот профил на социјалните мрежи ја прикажува како жена посветена на концептот на традиционална Русија – на пример, во февруари, за време на постот, Лвова-Белова позираше во руска православна црква облечена во традиционална марама, а покрај фотографијата напиша: „Би сакала, драги мои, да побарам прошка од оние што сакајќи или несакајќи ги навредив. Бев доведена во искушение!“.
Во 2021 година, рускиот претседател Владимир Путин ја назначи за комесар за правата на децата. Младата политичарка и верничка од провинциите беше идеална за позицијата, особено откако започна руската инвазија на Украина.
Имено, Марија Лвова-Белова била подготвена да ја исполни амбицијата на Владимир Путин, која во јавноста беше претставена како „спасувачка мисија“ – да киднапира илјадници украински деца и да им го испере мозокот и да ги претвори во Руси. Во нејзината мисија цело време ја следеа камерите на руските државни медиуми, а таа самата дури посвои и едно дете од Украина.
Марија, како што пишува британскиот весник The Telegraph, аплаудирала и се восхитувала на девојката од Украина која во јануари беше киднапирана и донесена во Русија т.е. се радувала за тој настан.
„Настја од Доњецк е едно од оние деца за кои најдовме посвоители… Сега има големо семејство и маче за кое отсекогаш сонувала“, вели Лвова-Белова, видно возбудена за девојчето кое Русите го принудиле да пее и да игра на рускиот воен канал на ТВ.
И во февруари, за време на телевизиски разговор со Владимир Путин, таа откри дека била „голем ентузијаст за рускиот проект што и самата посвоила украинско момче од Мариупол“, град кој беше уништен од руските воени сили во март 2022 година.
„Сега знам што значи да се биде мајка на дете од Мариупол… Тоа е напорна работа, но ние се сакаме“, изјави тогаш Лвова-Белова.
Руските медиуми го нарекоа момчето од Украина Филип. Тој е 18-то дете посвоено од Марија и нејзиниот сопруг, а имаат и пет биолошки деца.
Оваа „пин-ап девојка од Кремљ“ е родена во Пенза, град во централна Русија. Некогаш работела како професорка по гитара, но со текот на времето се префрлила на политика. Таа брзо напредувала и го привлече вниманието на високи руски политичари а на крајот конечно и на Кремљ. Таа денеска е добредојдена гостинка на бројните собири на Владимир Путин, а со безрезервна поддршка на претседателот не и е тешко да ги „продаде“ своите идеи и мисии на други високи функционери во Русија.
И од почетокот на инвазијата на Украина, таа беше во неколку мисии во окупираните региони за да организира трансфер на деца, што внимателно го документираше по социјалните мрежи. На фотографијата направена минатото лето и објавена на нејзиниот канал на социјалната мрежа Телеграм, Лвова-Белова гордо позирала со четворица руски војници облечени во фантомки и држејќи митралези.
„Денеска сите ја браниме нашата татковина – со дела, мисли и молитви – помагаме што поскоро да дојде денот кога и нашите браќа ќе станат слободни и мирни“, изјави тогаш таа.
Запрашана во петокот за налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) со кој сега се соочува, таа одговори: „Мило ми е што меѓународната заедница ја цени нашата работа за заштита на децата. И особено е убаво да се биде во ист тим со рускиот претседател Владимир Путин“.