Имобиле во сообраќајна несреќа се здоби со повреда на рбетот и скршеница на ребро

 Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле заработи скршеница на ребро и повреда на рбетот во сообраќајна несреќа, објавено е на официјалниот сајт на римскиот клуб.

Претходно беше објавено дека теренецот управуван од Имобиле удрил во трамвај во Рим.

Имобиле оваа сезона одигра 30 натпревари за Лацио во сите натпреварувања и постигна 12 гола и пет асистенции.