„Им платив јагне и пиво и не жалам“ По неверојатната победа над АЗ Алкмар, тренерот на Зрињски откри како им честитал на играчите
Во натпреварот од првото коло од групната фаза на Конференциската лига, Зрињски од Мостар успеа да го победи славниот АЗ Алкмар, по неверојатен пресврт.
Фудбалерите на Зрињски губеа со 3:0, а потоа пред своите гледачи направија огромен пресврт и ги освоија трите бода.
По натпреварот, во интервју за „Индекс“, тренерот на Зрињски, Крунослав Рендулиќ, откри како ја прославил оваа победа со своите играчи:
– Не знам ни колку потрошив за да ги наградам играчите. Не ми е гајле! Знам дека платив за јагнешко и пијалак, не ми е жал. Дај Боже да има што повеќе случаи кога ќе треба да трошам – изјави Рендулиќ.
Рендулиќ откри што им рекол на своите играчи во соблекувалната на полувремето:
– Ништо посебно. Им реков да се смират, да не шират нервоза. Им објаснив дека мораме да ги намалиме растојанијата меѓу линиите и да ги намалиме техничките грешки на минимум, бидејќи првото полувреме беше катастрофално во тој поглед – додаде Рендулиќ, а потоа истакна дека им кажал дека најважното нешто е да не се нервираш.