ИМ СЕ СМЕЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ – Ова се ‘најглупавите’ навивачи: Наместо гостинскиот автобус тие го каменуваа автобусот на нивниот омилен тим (видео)

Во Копа Либертадорес, Сао Паоло на тешкото гостување го совлада Тигрес со резлутат од 2:0, но по натпреварот повеќе се зборува за скандалозниот чин на домашните навивачи отколку за самиот натпревар.

Добро е познато дека клубовите од Бразил и Аргентина немаат добри односи, и дека ривалството е на многу високо ниво, па на навивачите им е забрането да одат на гостувањата.

Навивачите на Тигрес пред натпреварот ги чекаа во „заседа“ гостинските фудбалери, сакаа да им го каменуваат автобусот, но поради тоа што го направија цел свет им се смее.

Имено, навивачите на Тигрес фрлале камења кон автобусот, а потоа сфатиле дека тоа е погрешна мета, бидејќи автобусот бил полн од фудбалери на нивниот тим.

Споменатите навивачи се многу посрамотени, а луѓето на социјалните мрежи на разни начини ги исмејуваат. Ова дефинитивно ќе ги одбележи за живот.