Индија, Бразил и Јужна Африка бараат голема реформа на СБ на ОН: “Ова е итно и врвен приоритет!“

Министрите за надворешни работи на Индија, Бразил и Јужноафриканската Република денеска по состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН изјавија дека е неопходна реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Официјалните претставници ја поддржаа легитимната желба на африканските земји да имаат постојано присуство во Советот за безбедност на ОН и ја поддржаа желбата на Бразил и Индија да добијат постојани места во Советот за безбедност.

Министрите истакнаа дека, иако сеопфатната реформа на системот на Обединетите нации останува најважното меѓународно прашање, реформата на Советот за безбедност треба да остане итен и главен приоритет“, се вели во заедничкото соопштение на тројцата претставници