ВИДЕО | Погледнете ја мајсторијата на Рафаел Леао за нова победа на Милан, кој се израмни со Интер на врвот во Серија А

Фудбалерите на Милан се израмнија со градскиот ривал Интер на врвот на табелата во италијанскиот шампионат со минимална победа од 1:0 на домашен терен против Верона во првиот натпревар од 5. коло во саботата.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Рафаел Леао веќе во 8. минута.

ПОБЕДНИЧКИОТ ГОЛ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ.

Почетокот на натпреварот доцнеше половина час поради силниот дожд кој толку го натопи тревникот што тој не беше подготвен за игра во времето кога беше закажан стартот.

Милан сега има 12 бода, но од пет натпревари, додека Интер стигна до истиот резултат од четири натпревари.

Верона е деветта со седум бода.