Инзаги: Им честитав на моите фудбалери, тие беа одлични и имаа одличен натпревар

 Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги пофали своите фудбалери и покрај поразот (1:0) од Манчестер сити синоќа во финалето на Лигата на шампионите.

– Им честитав на играчите – тие беа одлични и одиграа одличен натпревар. Го загубивме финалето кое сакавме да го добиеме по секоја цена, но тие треба да се гордеат со себе. Не би ги менувал овие играчи за никого, а денес цел свет сфати зошто. Примивме само еден гол против многу силен тим. Многу жалиме, но треба да бидеме горди на себе, го цитира Инзаги „Скај Спорт“.

Манчестер Сити за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Тимот на Хосеп Гвардиола направи и тројна круна – ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.