Институтот за економски истражувања: Германија е заглавена во рецесија

Деловното расположение во Германија дополнително се влоши во јануари, е заклучокот од најновиот извештај што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индексот што го мери деловното расположение на германските компании падна на 85,2 поени во јануари од 86,3 поени во декември, според веб-страницата на ИФО.

Германските компании беа помалку задоволни од тековниот бизнис во споредба со декември и поскептични за развојот на нивниот бизнис во следните шест месеци.

Вредноста на споменатиот индекс се зголеми во производството. но значително се намали во услужниот сектор, каде компаниите се пред сè незадоволни од моменталната состојба, но и од изгледите за иднината.

Голем песимизам владее и во трговскиот и градежниот сектор. Германската економија е „заглавена во рецесија“, посочува Минхенскиот институт за економски истражувања.

Инаку, оваа земја е зафатена од бран штрајкови последниве денови, а во меѓувреме се огласи и министерот за финансии Кристијан Линднер,  кој при посетата на Давос во СЕФ рече дека „неговата земја не е пациент од Европа“.

Инаку, овој термин првпат се употребува во 1998 година, кога обединета Германија се соочуваше со економски предизвици. Потоа минатата година повторно стана „релевантно“ поради растечките тензии во Германија.

Причина за тоа е падот на економијата од 0,3 отсто, како и фактот што Германија е под влијание на високите цени на енергијата, високата инфлација и високите каматни стапки. Производството во оваа земја лани е намалено за два отсто.