Еве колку Британци би земале оружје за да ја одбранат државата од инвазија: Тотално разочарување на системот

Повеќе од една третина од Британците помлади од 40 години би одбиле да се приклучат на војската во случај на војна.

Ова го покажа истражувањето на британската меѓународна компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци на интернет YouGov.

Така, според студијата, доколку избие нова светска војна, само 7 отсто од мажите и жените од Велика Британија доброволно ќе се пријават во војска. Доколку постои закана од инвазија на Велика Британија – тогаш бројот на доброволци ќе биде 11 проценти.

Истражувањето покажа дека бројот на оние кои ќе избегнат мобилизација во случај на светска војна ќе изнесува 38 отсто (меѓу мажите 32 отсто), додека во случај на инвазија на Велика Британија тој број би бил нешто помал и изнесуваат 30 проценти.

Останатите или се подготвени да се борат доколку бидат мобилизирани или се убедени дека нема да бидат примени во војска.

Вкупното население на Обединетото Кралство се проценува на повеќе од 67 милиони луѓе.

Неодамнешното истражување покажа дека само 17 отсто од Германците се подготвени да земат оружје и да ја бранат земјата во случај на воен напад.