ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА СЕ НАСЛЕДУВА САМО ОД ЕДЕН РОДИТЕЛ: Еве чии гени се одговорни за тоа колку детето ќе биде паметно

Само еден од родителите е одговорен за интелигенцијата кај децата, а еве кој.

Кога бебето е на пат, идните родители често се прашуваат како ќе изгледаат, што ќе наследи од татко му, а што од мајката, но она во што можете да бидете сигурни е дека децата ја наследуваат интелигенцијата од мајките, тврди науката.

Мајчините гени можат да одредат колку децата ќе бидат паметни, додека гените на таткото немаат влијание на нивото на нивната интелигенција, покажа истражувањето. Жените имаат поголема веројатност да пренесат гени за интелигенција на своите деца, бидејќи тие се носат на хромозомот Х и жените имаат два такви хромозоми додека мажите имаат само еден.

Се верува дека интелигенцијата е меѓу условените гени кои мора да потекнуваат од мајката, а лабораториските студии со помош на генетски конструирани глувци откриле дека оние со дополнителна доза од мајчиниот ген развиле поголеми глави и мозоци, но имале мали тела. Оние со дополнителна доза од гените на нивниот татко имале мал мозок, но поголемо тело.

Истражувачите идентификуваа клетки кои содржат само мајчини или само татковски гени во шест различни делови од мозокот на глувчето кои контролираат различни когнитивни функции, од навики во исхраната до меморија.

Клетките со гените на таткото се акумулирани во делови од лимбичкиот систем, кој е вклучен во функции како секс, храна и агресија. Сепак, истражувачите не пронајдоа татковски клетки во церебралниот кортекс, каде што се одвиваат најнапредните когнитивни функции, како што се расудувањето, мислата, јазикот и планирањето, пишува Yumama.rs .

Истражувањата јасно покажуваат дека генетиката не е единствената детерминанта на интелигенцијата – се проценува дека само 40 до 60 проценти од интелигенцијата е наследна, а остатокот зависи од околината.