Интервјуто на Илон Маск со новинарот на BBC се шири на Интернет како шумски пожар: “Лажеш! Вие лажевте и за вирусот Ковид-19, за вакцините…“ (видео)

Видеото од разговорот на Илон Маск и новинарот на BBC Џејмс Клејтон со голема брзина се шири на социјалните мрежи. 

Во интервјуто, сопственикот на социјалната мрежа Твитер го обвини новинарот на BBC дека не може да даде примери за дозволен говор на омраза на неговата социјална мрежа.

Новинар на BBC го праша Илон Маск како планира да се справи со инцидентите со говор на омраза пријавени на социјалната мрежа Твитер, но кога милијардерот побара од новинарот да наведе некои примери на говор на омраза на Твитер, новинарот одби да го стори тоа.

За каков говор на омраза зборувате ? Мислам, дали користите Твитер ? Гледате зголемување на говорот на омраза ? Кажете доколку е така! Не можете да се изјасните ?! Мислам дека ова е апсурдно, лажете!“ остро реагираше милијардерот.

Барам еден пример, а вие не можете да дадете ниту еден. Тогаш ќе ви кажам, господине, вие не знаете за што зборувате. Не можете да ми дадете ниту еден пример за содржина со омраза, ниту една објава. А сепак тврдевте дека содржината е преполна со омраза. Тоа е лага, вие само лажевте“, тврди Илон Маск.

За потсетување, BBC неодамна беше означен од социјалната мрежа Твитер како – „медиум финансиран од Владата на Велика Британија“, што доведе до остра реакција на британската телевизија.

BBC е, и отсекогаш бил независен. Ние сме финансирани од британската јавност преку надоместокот за лиценца“, се вели во соопштението на BBC.

Во интервју, Илон Маск го обвини BBC дека ги прикрива несаканите ефекти од вакцинацијата против вирусот Ковид-19 и дека шири дезинформации за заштитните маски.

Дали BBC се смета себеси за одговорна за дезинформациите за маските и несаканите ефекти од вакцинацијата ? Вие воопшто не објавивте ништо за тоа“, порача Маск и додаде: „А што е со фактот дека BBC беше под притисок од британската Влада да ја промени својата уредувачка политика ?

Коментарите на интервјуто се секакви, а многумина се согласуваат со фактот дека во интервјуто новинарот на BBC едноставно не бил „дораснат“ за Илон Маск

Го уништи!“ гласи еден од коментарите под видеото, додека друг корисник коментирал: „Вака изгледа новинарството на BBC. Тие не можат да наведат ниту еден пример“. Во меѓувреме, интервјуто стана вирално и за неколку часа е прегледано над милион пати само на платформата Јутјуб.