Ѓоковиќ му испрати моќна порака на Јокиќ! Овие двајца се хит! Погледнете како Новак му честиташе на Никола за титулата во НБА и МВП (фото)

,,Сигурно ми пратил! Сега ќе видам дали ми пратил порака, знаете? Ау… не знам човече, леле… имам многу пораки, ќе морам да го исклучам телефонот“, изјави Никола Јокиќ по освојувањето на титулата во НБА.

На крајот не откри како Новак Ѓоковиќ му честитал, но сега сите знаеме!

Најдобриот светски тенисер и победник на 23 Грен слемови објави на својот Инстаграм профил и напиша што мисли за кошаркарот на Денвер со одлична карикатура на Јокиќ како го носи НБА купот низ Карпестите планини на коњ.

МВП!!!“, напиша Новак, па на кирилица имаше честитка и зборовите: „Честито брат ти си најдобар“, а под него на англиски зборот „creatness“ или преведен на македонски „величина“ .

Погледнете:

Новак продолжи со најавите за Јокиќ, па како своја „приказна“ сподели неколку интересни слики, меѓу кои е и една со фотографии од најдобриот тенисер и најдобриот кошаркар на светот како деца.

На фотографијата од детството, двајцата држат рекети во раце, па Новак праша: Кога ќе одиме на тенис, Јокиќ?